Квалификациите за ЕП веќе „завршија“ за три селекции

Репрезентациите на Германија, Хрватска и Словенија ја завршија својата задача во квалификациите за ЕП 2020 после комплетирањето на 4. коло така што веќе имаат обезбедено место на завршниот турнир. За нив последните две средби ќе бидат само формалност, а на добар пат после 5. коло да си обезбедат место на ЕП се и уште неколку селекции.

Оттаму веќе е сосема јасно како се движат работите, а седум места од 24 се веќе пополнети за шампионатот кој се одржува следниот јануари.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ГРУПА 1

ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА                   29:24

Генсхајмер 10, Вајнхолд 4, Бем 3 – Дачек 6, Морито 4, Пржибилски 4

ИЗРАЕЛ – КОСОВО          30:24

Померанц 6, Мосинди 5, Туткениц 4 – Абдулахи 4, Ахмерти 4, Фетаху 3

ТАБЕЛА: 1. Германија 8 бода (122:77); 2. Израел 4 (100:112); 3. Полска 2 (103:93); 4. Косово 2 (78:121).

ГРУПА 2

ШВАЈЦАРИЈА – БЕЛГИЈА        36:22

Лир 9, Шмид 9, Герби 3 – Б. Кеџиора 8, Де Бојле 3, Д. Кеџиора 3

ХРВАТСКА – СРБИЈА     27:23

Штрлек 8, Дувњак 4, Мамиќ 3 – Илиќ 3, Пешиќ 3, Пусица 3

ТАБЕЛА: 1. Хрватска 7 бода (113:101); 2. Швајцарија 6 (121:102); 3. Србија 2 (99:108); 4. Белгија 1 (99:121).

ГРУПА 3

ТУРЦИЈА – ГРЦИЈА         26:23

Бичер 7, Пеливан 6, Налбантоглу 4 – Цирас 12, Цилис 3, Малиос 2

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД         24:24

Лазаров 8, Манасков 4, Талески 4 – Магнусон 8, Јонсон 5, Гунарсон 3

ТАБЕЛА: 1. Македонија 5 бода (115:112); 2. Исланд 5 (125:112); 3. Турција 4 (101:109); 4. Грција 2 (94:113).

ГРУПА 4

ЛЕТОНИЈА – ЕСТОНИЈА           30:24

Политерс 5, Кристопанс 4, Јурџ 4 – Силасте 5, Тимо 4, Целминс 3

СЛОВЕНИЈА – ХОЛАНДИЈА     30:23

Зарабец 5, Потеко 4, Хенигман 3 – Бомхувер 4, Јери 4, Коијман 4

ТАБЕЛА: 1. Словенија 8 бода (115:90); 2. Летонија 6 (104:94); 3. Холандија 2 (109:111); 4. Естонија 0 (87:120).

ГРУПА 5

БЕЛОРУСИЈА – ЧЕШКА            24:26

Баранов 5, Каралек 4, Пухоуски 3 – Капсарек 8, Бабак 4, Хрстка 4

БИХ – ФИНСКА     31:19

Хамидовиќ 5, Малиновиќ 5, Буриќ 4 – Таминен 4, Гранлунд 3, Кољонен 3

ТАБЕЛА: 1. БиХ 6 бода (111:99); 2. Чешка 6 (112:102); 3. Белорусија 4 (111:106); 4. Финска 0 (92:119).

ГРУПА 6

ЛИТВАНИЈА – РОМАНИЈА       24:23

Бабарскас 5, Плета 4, Думчиус 3 – Григорас 6, Чог 5, Бујор 4

ФРАНЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА  33:24

Гигу 7, Ремили 7, Фабрегас 6 – Брито Дуарте 4, Родригез Ареја 4, Бранкињо 3

ТАБЕЛА: 1. Франција 6 бода (133:105); 2. Португалија 6 (102:96); 3. Романија 2 (85:99); 4. Литванија 2 (97:117).

ГРУПА 7

УНГАРИЈА – РУСИЈА      23:23

Лекаи 6, Банхиди 3, Бока 3 – Дибиров 6, Калараш 6, Шишкарев 5

СЛОВАЧКА – ИТАЛИЈА 23:26

Микита 7, Бријатка 4, Ковачех 4 – Булзамини 5, Парисини 5, Сонерер 4

ТАБЕЛА: 1. Унгарија 7 бода (108:86); 2. Русија 5 (98:89); 3. Италија 4 (94:110); 4. Словачка 0 (89:104).

ГРУПА 8

ФАРСКИ ОСТРОВИ – УКРАИНА               26:27

Јохансен 7, Берг Хансен 3, Хојдал Хилдарсон 3 – Остроушко 9, Гурковски 4, Кубатко 4

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА 37:26

Сван 8, Захаријасен 8, Хансен 6 – Липовина 6, Вујовиќ 6, Чавор 4

ТАБЕЛА: 1. Данска 6 бода (133:99); 2. Украина 6 (110:99); 3. Црна Гора 3 (106:121); 4. Фарски острови 1 (86:116).