Карачиќ за 24 Ракомет ТВ: Имаме шанса да ја продолжиме низата на трофеи во СЕХА (ВИДЕО)

Желбата која што Карачиќ ја имаше пред Ф4 турнирот е на пола пат бидејќи после победата над тимот на Мешков Брест сега претстои уште дуелот со Загреб до новата круна во СЕХА. Тој сака трофеј за да може победнички да се прости со „црвено-црниот“ дрес.

После мечот со Мешков Брест имаше краток коментар во кој прво се заблагодари до колегите за одличната игра.

„Им благодарам на момците за одличната игра. И покрај сето она што се случуваше на теренот успеавме да дојдеме до победа и можеме да ја продолжиме низата на победи и титули во СЕХА“, изјави Карачиќ пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.