Карачиќ за 24Ракомет ТВ: Ќе биде вистински подвиг ако Вардар стигне до Келн (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар ги чека првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот шампион ПИК Сегед. За сите од актуелниот „црвено-црн“ ростер ова ќе биде последен настап пред домашната публика во најелитното натпреварување.

Еден од играчите со најдолг стаж во Вардар, Игор Карачиќ, вели дека и покрај тешката ситуација во клубот, сите се сложни дека ќе одиграат максимално, но дека ќе биде вистинско чудо ако Вардар стигне до Ф4.

„Овие момци не се предавале против ниедна екипа, па нема ни против Сегед. Желбата и мотивот не се доведени во прашање, но ќе биде вистински подвиг ако Вардар се пласира во Келн трет пат по ред“, вели Хрватот за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава на Карачиќ погледнете ја во видео прилогот…