Карачиќ за 24Ракомет ТВ: Се надевам еден ден пак ќе се радувам со Вардар во СЕХА (ВИДЕО)

Вардар го победи Загреб со 23-26 во финалето од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига и ја освои петтата титула. Средниот бек во заминување Игор Карачиќ вели дека повредата дополнително ги мотивирала, но и дека еден ден можеби ќе се врати во вардаровиот дрес.

„Горд сум на моите соиграчи и се надевам дека барем уште еднаш ќе играм во СЕХА и ќе се радувам повторно со нив“, вели Карачиќ.

Погледнете ја целата изјава во видео прилогот…