Карабатиќ ги спакува куферите, го чека билетот

Најдобриот играч на Франција, Никола Карабатиќ е повреден и сите информираа дека тој нема да настапи на Светското првенство, но триколорите очигледно имаат помош од својата ѕвезда и тој порано од очекувањата доби зелено светло од докторите.

Информациите од Франција велат дека Карабатиќ е подготвен за настап и дека тој ќе биде дел од националниот тим можеби уште во првиот дел од шампионатот. Со оглед на тоа што се наоѓа на списокот од 28 ракометари нема да биде никаков проблем селекторот Дидие Динар да го пријави и Карабатиќ да влезе како замена за некој од колегите.

Инаку, дуелот против Бразил покажа проблеми во играта на Франција, па затоа е сосема извесно дека Динар ќе се одлучи да го вклучи во репрезентацијата. Се очекува викендов Никола да пристигне во Берлин и да се стави на располагање на селекторот.

Докторите му потврдија дека е подготвен за да игра и да даде максимум, па ова е експресно заздравување за најдобриот играч во моментов во светот.