Канељас за 24 Ракомет ТВ: Ова е специјален ден за мене, очекувам аплаузи од навивачите (ВИДЕО)

Ракометарот кој имаше голем удел во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите во 2017 година, Жоан Канељас не заборавил да зборува македонски иако цела сезона е во редовите на Пик Сегед. Тој се потсети на деновите кога со Вардар имаше одлични натпревари во СЦ „Јане Сандански“.

Канељас  вели дека очекува убав прием од навивачите и верува дека во при претставувањето и на почетокот на средбата ќе добие аплаузи, а потоа е јасно дека навивачите ќе се насочат кон Вардар и ќе навиваат за победа на своите миленици.

„Ова ќе биде убав ден. Тоа е специјален ден за мене и нешто посебно. Сепак, играме многу важен натпревар. Очекувам да добијам аплаузи од трибините на почетокот на средбата. Меѓутоа тоа ќе трае на почетокот. Потоа навивачите ќе и дадат поддршка на својата екипа и тоа е нормално“, коментира Канељас за 24 Ракомет ТВ.

Комлетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.