КАКО СЕ СЛАВИ СУПЕР ЛИГА ВО СРБИЈА – Со печен вол на ражен и еден тон пиво!

Тимот на Пролетер Зрењанин, кој во минатото често беше спаринг партнер на македонските екпи во подготвителниот период, по девет години пауза се враќа во елитното друштво на Србија.

Двократниот шампион на северниот сосед оваа година одбележува јубилеј, 70 години постоење, а претседателот Драган Божјак за српските медиуми откри како ќе се прослави камбекот во елитата.

„Со печен вол и со еден тон пиво ќе ги почестиме сите. Во следните денови ќе ги одредиме денот и местото на овој настан“, откри Божјак, кој најави дека ќе се потрудат во играчкиот кадар да го задржат некогашниот репрезентативец Момир Рниќ, како и некогашниот тренер на Вардар, Љубомир Обрадовиќ.