Како се загрева Талески за новата сезона (ФОТО)

Ракометарот на Рајн Некар и на репрезентацијата на Македонија ги привршува слободните денови и полека се подготвува за враќање во ритам односно за почетокот на подготовките за новата сезона.

Филип Талески со својата сопруга беше на летување во Анталија, каде можеше да ужива после напорната сезона, па сега останува одново да се врати на тренинг. До почетокот има уште малку, па одморот полека привршува.

Како што можете да видите на фотографиите Талески одлично се снаоѓа и во возењето скутер на вода, а се очекува да продолжи со одличните игри и во дресот на Рајн Некар и секако во репрезентацијата на Македонија на следните предизвици кои ќе ги има во новиот шампионат.

Инаку, тој и сезонава ќе дојде во Скопје и ќе игра против Вардар бидејќи тимот на Рајн Некар одново е во група со „црвено-црните“ во Лигата на шампионите.