Како играа досега Македонија и Хрватска: Историјата им дава предност на Хрватите, но…

Македонија и Хрватска денеска го играат четвртиот меѓусебен на големите натпреварувања, а Македонија не може да се пофали со позитивен епилог. На трите досегашни дуели Хрватите победувале, а Македонија беше најблизу до позитивен резултат на Светското првенство во 2015 година.

Првиот дуел Македонија и Хрватска на едно големо натпреварување го имаа во 1998 година, а тогаш Хрватска победи со 28:21. Тоа беше Европското првенство во Италија, кога Македонија дебитираше на големите натпреварувања.

Потоа следниот пат се пресметаа на Мундијалот пред четири години, па ушт еднаш играа и на Европското првенство во 2016 година.

Билансот е негативен, но време е работите да се поправат. Ова е шанса за прв триумф на Македонија.

ДОСЕГАШНИ ПРЕСМЕТКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА НА ЕП И СП

01.06.1998 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА        21:28

21.01.2015 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА        26:29

21.01.2016 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА        24:34