Каков гаф на ИХФ: „Пензионерот“ Џексон Ричардсон ќе игра за Франција?! (ФОТО)

Денеска ќе заврши првата рунда од Светското првенство во Германија и Данска и ќе бидат познати 12 селекции што ќе продолжат во главната фаза и 12 што ќе разигруваат во Президент Купот.

Франција засега турка без поголеми проблеми, но селекторот Дидие Динар беше приморан да направи две замени.

На местото на повредениот капитен Седрик Сорендо во ростерот влезе Никола Карабатиќ, додека на местото на Николас Клер, во ростерот е Џексон Ричардсон.

Сепак се работи за голем гаф на медиа тимот на ИХФ. Не станува збор за 49-годишниот Џексон Ричардсон кој одамна е во пензија, туку за неговиот син Мелвин Ричардсон, кој игра на десната бековска позиција.

Франција ја чека уште пресметката со Русија во Берлин, но сигурен е пласманот на светскиот првак во главната рунда.