Кадетот со деби гол за сениорите: Серафимов стрелаше против Бахреин на СП (ВИДЕО)

Кадетскиот и младински репрезентативец на Македонија, а од скоро и сениорски репрезентативец – Мартин Серафимов, го постигна деби погодокот во дресот со националниот грб на официјален натпревар.

Десниот бек на Металург во последната четвртина од средбата со Бахреин го замени капитенот Кирил Лазаров и успеа да ја затресе противничката мрежа.

Со одлична финта, Серафимов се ослободи од својот чувар и биеше во спротивниот агол, за што му аплаудираше целата наша клупа. Ова се случи во 60 минута од средбата.

Следен предизвик за нашите репрезентативци ќе биде средбата против Хрватска во текот на утрешниот ден со почеток во 18:00 чаот.