Кадетите од трет шешир ќе ја чекаат мундијалската ждрепка

Светскиот шампионат кој од 6 до 18 август ќе се одржи во Македонија ќе има 24 земји учеснички, а се работи за ракометари родени во 2000 година и помали. На првенството како што е веќе познато доминираат селекциите од Европа и ги има вкупно 13. Четири доаѓаат од Азија, а по три имаат Јужна Америка и Африка. Една репрезентација ќе биде од Северна Америка. Овој континент ќе биде преставуван од Канада.

Нема учесници од Австралија, а дисквалификувана беше селекцијата на Јужна Кореја. Македонија би требала да се најде во третиот шешир при ждрепката која ќе се одржи на 29 мај.

1. Шешир: Шведска, Исланд, Данска и Хрватска
2. Шешир: Шпанија, Германија, Франција, Бахреин
3. Шешир: Македонија, Србија, Словенија, Унгарија
4. Шешир: Египет, Јапонија, Норвешка, Тунис
5. Шешир: Бразил, Аргентина, Чиле, Тајпеј
6. Шешир: Нигерија, С. Арабија, Португалија и Канада
Најпрво ќе се извлекуваат репрезентациите од шеширот број 6, па 5, па 4…Шеширот со број 3 ќе биде прескокнат и ќе се извлекуваат националните тимови од шеширот број 2 и 1. Потоа селекторот Данило Брестовац ќе одбере во која група ќе игра Македонија, па преостанатите репрезентации од нашиот шешир – Србија, Словенија и Унгарија, ќе ги добијат противниците.
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com