Кадетите конечно одиграа борбено, но не го издржаа силниот финиш на Португалија

После 60 минути надигрување, борба за секоја топка и големо надигрување, репрезентацијата на Македонија не успеа да дојде до посакуваниот резултат против максимално борбените Португалци. Селекцијата која доминираше во Групата Д одигра со мали падови во овој осминафинален дуел и на крајот се радуваше на победа и на пласман во четврт-финалето каде утре ќе игра со Франција. Македонија претрпе пораз од 25:29.

Репрезентативците на Македонија одработеа добро на почетокот од средбата против Португалија и успеа да биде постојано во предност. На моменти таа разлика беше и два гола, но после 8:6 дојде до мала криза и тука Португалија отиде на плус три.

Овој гол предност за Португалија беше и притисок плус за репрезентативците на Македонија кои мораа да притискаат постојано за да дојдат до израмнување. Таквата игра даде резултат неколку минути, а потоа во завршницата на првото полувреме Португалците притиснаа посилно и дојдоа до предност од три гола на одмор, 15:12.

Второто полувреме почна со исклучување од две минути за селекторот Данило Брестовац. Тој доби две минути на барање на еден од делегатите бидејќи при напуштањето на теренот изреагира до судиите за дел од нивните одлуку во првото полувреме.

Работите тргнаа на добро и со неколку одбрани на Марко Кизиќ кој успеа да одбрани зицери, а тоа донесе до 15:16. Сепак, една одбрана на голманот и една грешка донесоа одново минус три во 40. минута. Меѓутоа после тајм-аутот дојде до измена во одбраната. Трансформацијата во 5-1 даде резултат. Концентрацијата на повисоко ниво и Кизиќ на високо ниво донесоа можност за враќање во мечот. Младеновиќ, па Симоноски и одново Младеновиќ беа творци на израмнувањето на 18:18 во 43. минута.

Секогаш кога ќе се дојдеше до шанса за да се направи нешто повеќе, сепак, според двете судики од Аргентина имаше пробивање или некаква друга грешка. На моменти делуваше како престрого, но Македонија наоѓаше сили и на осум минути до крај имаше одново нерешени 23:23 откако Кондев искористи контра.

Откако Португалија ја загуби топката, конечно дојде шансата за пресврт, а Мартин Серафимов ја преседе одговорноста и биеше за 24:23 во 54 минута. Противникот успеа брзо да израмни, но потоа следуваа две одбрани на голманот на Португалија што одново донесе негатива од два гола за Македонија. На три и пол минути до крајот резултатот беше 24:26.

Во обид да се дојде до подобар резултат се брзаше и се грешеше, а тоа ја остави Македонија без место во четврт-финалето и утре ќе се бори за пласман најверојатно за 13. место.

МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА        25:29 (12:15)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 2000. Судии: Маријана Гарсија и Марија Инес Паолантони од Аргентина. Делегати: Јалатима Кулибали од БС Коска, Виктор Поладенко од Русија и Теди Адјемијан од Аргентина.

МАКЕДОНИЈА: Магаљаеш (15 одн.), Ф. Оливеира, Фереира, Соуза 0/3, Мораис 6/8, Невес 1/3, Т. Соуза 1/2, Г. Оливериа, Хозе 4/4, Рибеиро 5/8, Талмазан 2/3, Салвадор 4/9, Силва, Виера, Ногуера 2/3, Коста 4/6.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 8 мин.

ПОРТУГАЛИЈА: Кизиќ (15 одб., 1 сед.), Петковски (1 сед.), Кондев 1/1, Џигероски 1/1, Мелоски, Ќосевски, Божиновски 1/2, Митиќ, Симоноски 3/4, Серафимов 9/19, Костески 3/6, Младеновиќ 6/11, Ников, Ѓорѓиев 1/1, Гајиќ.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.