Кадетите ги дознаа сите противници за Мундијалот во август

Светскиот шампионат кој од 6 до 18 август ќе се одржи во Македонија ќе има 24 земји учеснички, а се работи за ракометари родени во 2000 година и помали.

На првенството како што е веќе познато доминираат селекциите од Европа и ги има вкупно 13. Четири доаѓаат од Азија, а по три имаат Јужна Америка и Африка. Една репрезентација ќе биде од Северна Америка. Овој континент ќе биде преставуван од Канада.

Нема учесници од Австралија, а дисквалификувана беше селекцијата на Јужна Кореја. Неофицијално Македонија би требала да се најде во третиот шешир при ждрепката која ќе се одржи на 29 мај.

СПИСОК НА УЧЕСНИЦИ НА МУНДИЈАЛОТ

ЕВРОПА: Македонија, Хрватска, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд,  Норвешка, Португалија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска.

ЈУЖНА АМЕРИКА: Аргентина, Бразил, Чиле.

СЕВЕРНА АМЕРИКА: Канада.

АЗИЈА: Бахреин, Тајван, Јапонија,  Саудиска Арабија.

АФРИКА: Египет, Нигерија, Тунис.