Каденас се враќа во Полска, ќе биде тренер на Азоти!

Откако си замина од белорускиот шампион Брест Мешков, шпанскиот стратег Маноло Каденас се враќа во полскиот шампионат и ќе биде тренер на Азоти Пулави, но паралелно ќе ја извршува и функцијата селектор на Аргентина.

По неуспехот во регионалната СЕХА лига и поразот од Вардар, Каденас си замина од Мешков, но нема долго време да седи без работа. За него ова ќе биде втор ангажман во Полска, по оној во Висла Плоцк во 2013 година.

Тој ќе биде трет шпански тренер во полскиот шампионат. Талант Душебаев е стратег на Келце, додека Хавиер Сабате ја води Висла Плоцк. Азоти Пулави покрај Каденас, донесе и тројца нови играчи – Михал Шиба, Рафал Пжибилски и Антони Ланговски.