Каденас на слатки маки, уште еден клуб му испрати понуда

Шпанскиот стратег Маноло Каденас по отказот во Мешков Брест нема да има проблем да го најде својот следен ангажман. На негова адреса пристигнуваат многу понуди од различни адреси. Последен клуб кој ја изрази заинтересираноста да соработува со него е францускиот Шарт.

Претходно Каденас добри понуди од Адемар Леон и послкиот Азоти Пулави, но тој сеуште нема одлучено каде ќе ја продолжи тренерската кариера. Работата во францускиот Шарт ќе биде вистински предизвик бидејќи од следната сезона се враќаат во најсилната француска лига.

Шпанскиот 63-годишен стратег  во минатото има водено голем број шпански екипи меѓу кои две сезони Барселона, а исто така беше селектор на Шпанија од 2013 до 2016. Во моментов е селектор на репрезентацијата на Аргентина.