И Овче Поле СУ се израдува на победа

Ракометарките од Свети Николе кои финишираа на позиција на табелата во плеј-аут лигата и кои беа без бодови се до последниот натпревар против Цемс конечно се израдуваа на победа оваа сезона. Тие во последното коло од плеј-аутот го совладаа составот на Цемс со 43:28 на домашен терен.

Дуелот беше израмнет сè до финишот на првиот дел, а Цемс имаше минимална предност. Сепак, Овче Поле СУ направи серија од 6:0 со која го презема водството. До полувремето успеа да ја задржи и на одмор да замине со плус пет од 20:15.

Во вториот дел нивото на игра на Цемс многу опадна и негативата постојано се зголемуваше. Тоа одлично го искористија домашните за конечно да ја остварат првата победа во првенството. Сепак, тие ја завршуват сезоната на последната позиција на табелата во плеј-аутот додека Цемс е едно место погоре.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЦЕМС                43:28 (20:15)

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Гледачи: 100. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Мицевска, Костова 1, Манева 16, Е. Вучевска 7, Павловска 16, М. Вучевска 1, Маркова, Јанева, Сентовска 2, Санева, Стојановска, Серафимова, Нацева.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 12 мин.

ЦЕМС: Јовановска, Станчева, Донева 5, Петровска 3, Кежаровска 1, Гркова 5, Антеска 3, Петровска 2, Цветановска 9.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 12 мин.