И Металург во септември прво гост, но во Португалија

Покрај Вардар и Металург веќе ги има термините во кои ќе се играат средбите од Лигата на шампионите во групата Ц.

300x250

Стартот е во Португалија и тоа во истиот термин во кој Вардар ќе гостува во Франција. Терминот е од 12 до 16 септември, а првиот меч на домашен терен е против Бешикташ на Немања Прибак од 12 до 23 септември.

Групната фаза за Металург завршува порано. Последното коло ќе биде одиграно во периодот од 28 ноември до 2 декември, а „металурзите“ ќе гостуваат кај Татран Прешов.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

12-16.09.2018

Спортинг – Металург

19-23.09.2018

Металург – Бешикташ

26-30.09.2018

Металург – Татран Прешов

03-07.10.2018

Бјерингбро – Металург

10-14.10.2018

Чеховски медведи – Металург

03-04.11.2018

Металург – Чеховски медведи

07-11.11.2018

Металург – Спортинг

14-18.11.2018

Бешикташ – Металург

21-25.11.2018

Металург – Бјерингбро

28.11.-02.12.2018

Татран Прешов – Металург