И клубот потврди: Веспрем се враќа во СЕХА лигата!

Она што го најави 24Ракомет уште во февруари, а беше потврдено од страна на раководството на СЕХА лига во април, сега доби потврда и од клубот – Веспрем се враќа во СЕХА лигата од следната сезона!

Унгарскиот гигант во регионалната конкуренција играше три сезони, од 2014 до 2017 година. Во првите две сезони ја освојуваше титулата, додека во третатабеше вицепрвак откако загуби од нашиот Вардар.

„Веспрем Арена“ беше домаќин на завршниот турнир во 2015 година, а сега повторно ќе биде кандидат за нов Ф4 во СЕХА. Деновиве се очекува да биде комплетирана листата на учесници во СЕХА, а последниот учесник најверојатно ќе биде Олимпијакос.