И Видерер дојде да гледа Мундијал во Македонија (ФОТО)

Светското кадетско првенство што се одржува во Македонија, привлече големо внимание кај многу ракометни работници, поранешни ракометари, менаџери…

Меѓу другите, денеска во Скопје пристигна и претседателот на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер.

Тој во друштво на генералниот секретар на Ракометната Федерација на Македонија – Филип Милошевски, го следи осминафиналниот двобој меѓу Словенија и Египет во СЦ “Јане Сандански”, а во текот на денот сигурно ќе проследи и дел од натпреварите во СЦ “Борис Трајковски”…