И ВАР системот немаше да помогне: Топката се заглави на гол линијата (ВИДЕО)

Средбата меѓу Фуксе Берлин и Порто донесе ракомет исполнет со многу интересни моменти. Имаше интересни акции, кои завршуваа со цепелини, но имаше и еден друг момент кој остана забележан.

При еден шут на ракометарите на Порто од десно крило, топката заврши на гол линијата. Веројатноста да се случи вакво нешто на терен е навистина мала, но при овој шут тоа навистина се случи и застана на го гол линијата веднаш до стативата.

На ваков момент тешко дека ќе пресудеше и ВАР системот со оглед на тоа што топката беше заглавена до самата статива. Затоа Хајнефетер ја доби полесната задача и можеше да ја уфрли топката во игра.