Историја за Шамбери, стигна до првиот трофеј во Купот на Франција

Шамбери се сретна со Данкерк во рамките на финалето до Купот на Франција. Беше ова историски момент за овие две екипи да стигнат до титула, бидејќи ПСЖ е неприкосновен моќник во оваа земја. Шамбери напиша клупска историја, откако убедливо го порази противникот со 31:21, за прв трофеј во рамките на ова натпреварување.

Освојувачот на трофејот имаше иницијатива и подобра игра од самиот старт. Се стекна со предност која полека ја зголемуваше за на полувреме да стигне до предност од 16:8. Тука беше речиси се решено бидејќи по таква предност на полувреме мали беа шансите за Данкерк да направи чудо.

Тие се обидуваа да ја ублажат негативата, но и во тоа беа немоќни, а по крајот мораа да им пружат рака на посилните противници. Во домашното првенство, на Шамбери му оди одлично. Тие се многу блиску до пласман во некое од европските натпреварувања, а се уште имаат шанси за влез во Лигата на шампионите.