Историја за Косово – за првпат ќе игра на Светско првенство во ракомет!

За првпат во својата кратка историја, една ракометна репрезентација на Косово ќе биде дел од Светско првенство!

Станува збор за младинската машка селекција, која обезбеди место на светскиот собир на најдобрите во Шпанија, откако победи на „Трофеј ИХФ“.

Светската ракометна федерација му ја додели на Косово организацијата на овој квалификациски турнир за земјите со низок ранкинг, па домаќинството беше искористено на најдобар можен начин.

Во финалниот двобој, Косово пред повеќе од 1.000 навивачи ја совлада селекцијата на Кинески Тајпеј со 30-26.

По настапот на Мундијалот во Алжир пред две години, оваа година Македонија нема да биде дел од СП во Шпанија кон средината на јули.