Историски момент: Американски тим ќе игра на Супер Глоуб!

Тимот на Њујорк стана првиот американски тим, односно тим од Северна Америка и Кариби, што ќе биде дел од Супер Глоуб.

Натпреварувањето што во следните четири години ќе се одржува во Саудиска Арабија, ќе биде на програмата од 28 август до 1 септември.

За да обезбеди место на Супер Глоуб, Њујорк најпрво обезбеди победа над Лос Анџелес, а потоа беше подобар и од канадскиот Квебек.

Покрај Њујорк, во Саудиска Арабија ќе настапат и јужноамериканскиот првак, европскиот, азискиот и африканскиот првак, како и шампионот на Австралија и Океанија, плус домаќинот и една екипа со вајлд карта.