Историска победа за Бутел Скопје, во деби сезоната обезбеди Куп на ЕХФ

Ракометарите на Бутел Скопје со 30:25 ја совладаа екипаа на Металург и на тој начин дојдоа до три клучни бодови со што се најдоа на позицијата 4 и на коло пред крајот ова значи дека следната сезона ќе играат во Купот на ЕХФ.

Екипата на Бутел во својата деби сезона обезбеди одличен резултат, па покрај второто место во регуларниот дел ова беше само потврда дека сезонава имаа тим за висок дострел.

Средбата против Металург имаше две различни полувремиња. Во првото ракометарите на Бутел Скопје имаа тежок ритам и не можеа да се снајдат со играта на противникот. Долго ја бараа играта за добар резултат, а тоа им овозможи на гостите да се изборат за предност, која најмногу изнесуваше четири гола.

После одморот на кој Металург водеше со 12:9 почна многу побрза игра. Во таквата игра Бутел Скопје беше тимот кој успеа подобро да се снајде. Неколку грешки на гостите беа доволни за брзо да се направи пресврт. До израмнување дојде при 14:14, а потоа продолжи пресвртот со предност на Бутел, па веќе на средината на второто полувреме беше јасно кој ќе победи.

До крајот Бутел Скопје дојде и до предност од шест гола и водеше со 26:20, па тука веќе беше јасно дека бодовите остануваат за дебитантот меѓу суперлигашите, кој со ова си обезбеди место во европските купови за следната сезона.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ       35:30 (9:12)

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Гледачи: 400. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ: Блажески, Панченко, Трајковски 2, Младеновски 2, Стојановски 1, Ѓеоргиевски, Божиновски 2, Димовски 2, Спасовски, Мојсоски 1, Николов, Печенковски 7, Давидовиќ 1, Григориев, Василевски 1, Мајиќ 11.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.

МЕТАЛУРГ: Дупјачанец, Даниловски, Томовски, Јагуриновски, Димитриоски 3, Токиќ 2, Шилегов 3, Танкоски 1, Серафимов 2, Младеновиќ 4, Шпенде 3, Пучник, Миличевиќ 3, Маџовски, Матијашиќ 2, Арсеновски 2.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 10 мин.