Исланд го демолираше Бахреин

Репрезентацијата на Исланд ја забележа првата победа во 3. коло на Светското првенство откако успеа да го совлада Бахреин со 36:18. Исланд буквално го демолираше противникот, што можеби е и неочекувано висока победа.

Денеска исклучително расположените репрезентативци на Исланд немаа никакви проблеми против еден од аустајдерите во групата. Со сигурна реализација во нападот уште на полувремето направија сигурна предност од шест гола, 16:10. Одбраната на Бахреин немаше решение за нападите на Исланд, а на тоа се приклучија и голманите кои немаа свој ден и забележаа вкупно две одбрани на натпреварот.

Во второто полувреме Исланд продолжи со сигурната игра и предноста растеше од минута во минута. Со серија од 6:0, Исланд направи огромна предност која до крајот на натпреварот без проблеми ја одржуваше. Реализацијата на ударите на Исланѓаните беше на инзвонредно ниво од 88%, при што дури седум ракометари имаа стопототна реализација.

Најефикасни во репрезентацијата на Исланд беа Арон Тор Гунарсон со осум погодоци и Гудмундсон со пет. Кај Бахреин најмногу се истакна Мохамед Мерза со постигнати пет гола од шест удари.

Утре следува ден одмор во групата Б, а борбата за нови бодови продолжува во среда. Исланд игра против Јапонија во 15:30 часот, додека Бахреин против Хрватска во 18 часот.