Исланд без ветеранот во квалификации: Сигурдсон се збогува од „рибарите“?

Ракометарот на Рајн Некар Левен, Гудјон Валур Сигурдсон не е на списокот на исландскиот селектор Гудмундур Гудмундсон во пресрет на двете средби од квалификациите за Европското првенство против Турција и Грција.

39-годишното лево крило се ближи кон крајот на кариерата и веројатно веќе нема да настапува за нациоаналниот тим, иако според информациите би можел да биде дел од „рибрите“ на Мундијалот во Германија и Данска, каде Исланд е во група со Македонија.

Иако ја завршува четвртата деценија од животот, тој се уште е во одлична форма и меѓу најдобрите во светот. Сигурдсон е лидер во светот меѓу репрезентативните стрелци и досега во кариерата има постигнато 1798 голови!

Покрај Сигурдсон, за претстојната репрезентативна акција, Исланд нема да смета ниту на Вигнир Сваварсон, кој дефинитивно стави крај на настапите за националниот тим.  Сепак Гудмундсон ќе смета на Арон Палмарсон, но и без него се очекува „рибарите“ да немаат никакви проблеми против Турција и Грција.

Натпреварите од квалификациите за ЕП 2020 година меѓу Исланд и Македонија ќе се играат во април следната година, додека претходно ќе имаме соочување на Мундијалот во Германија и Данска.