Иси Париз очекувано уште денеска го реши двобојот против Металург

Ракометарките на Металург претрпеа висок пораз од Иси Париз на првиот меч од 1. коло во Купот на ЕХФ. Конечниот резултат беше 15:31, а во текот на целата средба ракометарките од Франција беа тие што го диктираа темпото.

Металург имаше лошо прво полувреме. Во него успеа да постигне само четири гола, а беа примени дури 17 и тука веќе беше јасно како ќе заврши средбата.

Во вториот дел девојките од Металург почнаа да играат подобро и да се стабилизираат. Сепак, не можеа и да се доближат бидејќи после 13 гола на полувреме во еден дел од средбата дојдоа и на негатива од 17 погодоци. На крајот беше постигнат гол за намалување и за конечни 15:31, но тоа беше сосема очекувано.

Со ова е јасно дека утре реваншот е само формалност и дека составот на Иси Париз е во следното коло. Останува само да биде доработена задачата бидејќи јасно е кој е фаворитот за победа.

На оваа средба Гулицоска беше најефикасна со четири погодоци, додека три постигна Арсениевска. Кај Иси Париз прв сртрелец со девет гола беше Елена Пинтеа, додека Хорачек реализираше седум удари.

Утре натпреварот се игра исто така во салата во Автокоманда, а терминот за старт е 16:30 часот.