ИН МЕМОРИАМ: Замина најдобриот ракометар на Прилеп на сите времиња

Во 66-тата година од животот вчера почина еден од најдобрите ракометари на Македонија во 20. век и ракометарот кој и понатаму важи за најдобриот кој потекнува од Прилеп.

Петар Кузманоски-Таста (1952-1968) направи многу за ракометот во овој град, а имаше успешна играчка, тренерска, но и кариера на претседател на клуб и директор на репрезентацијата. Како играч беше дел од тимовите на Куманово и Тутунски комбинат во периодот од 1968 до 1982.

Со тимот на Тутунски комбинат во 1974 година влезе во Втората лига на Југославија, а во 1982 година играше квалификации за влезе во Првата лига. После завршувањето на играчката кариера беше тренер на женската екипа на Тутунски комбинат со која од 1988 до 1992 година играше во Втората лига на Југославија.

Како директор на младинската репрезентација на Македонија беше заедно со селекциите кои во 2000 година во Грција го освоија 9. место, но и две години подоцна кога беше забележан одличниот резултат со пласман на 4. позиција на Европското првенство во Полска.

Тренерската кариера ја заврши во 2014 година во својот клуб-школа „Таста 107“.