Игор Карачиќ за 24 Ракомет: Ние сме Вардар и секогаш мораме да играме шампионски (ВИДЕО)

Ракометарот кој беше дел и од првото финале во СЕХА-лигата и од првата титула на Вардар, Игор Карачиќ и денеска одигра задоволителен натпревар. Тој имаше добра партија и беше еден од оние кои имаа стопроцентна реализација.

Карачиќ беше стрелец на четири гола, а имаше и неколку атрактивни акции така што заслужи честитки после средбата.

Во изјава за 24 Ракомет тој не го криеше своето задоволство од играта и од новата победа.

„Не очекувавме дека ќе биде вака висока разликата на крајот од натпреварот, но секако дека очекувавме да одиграме феноменален натпревар. Ние сме Вардар и нас не ни доликува да играме така како што игравме во претходните месец ипол. Ние сме европски шампиони и мораме и така да се однесуваме на секој меч без разлика кој е нашиот противник“, коментираше Игор Карачиќ за 24 Ракомет.