Ивица Илиев безмилосно ги полни головите во Супер лига

Со одигрувањето на средбата меѓу Радовиш и Еурофарм Работник дојде до комплетирање и на 11. коло, што значи дека првите 12 кола од сезоната се веќе завршени и може да се има комплетна листа на стрелци.

Нема ништо ново во однос на првото место и тука е сосема извесно дека Ивица Илиев продолжува со доминацијата и јасно е дека тој ќе биде освојувач на титулата најдобар стрелец во овој дел од шампионатот во Супер лигата.

Што се однесува до 2. позиција и таму е сè поизвесно дека Милан Ѓукиќ е со предност, па останува единствено за 3. место да се продолжи со надигрувањето и трката меѓу неколку ракометари кои се во разлика од неколку погодоци.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (12. КОЛО)

123 – Ивица Илиев (Радовиш)

87 – Милан Ѓукиќ (Еурофарм Работник)

71 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

71 – Милан Поповиќ (Пелистер)

67 – Божидар Симиќ (Радовиш)

66 – Давор Шокоски (Прилеп)

66 – Златко Мојсоски (Бутел Скопје)

65 – Цветан Кузмановски (Струга)

65 – Александар Бозароски (Прилеп)

61 – Бобан Блажески (Охрид)