Зорман: Вардар ме бараше, но јас сакав да останам во Келце!

Денеска европскиот шампион Вардар го промовираше новиот тренер – Давид Писонеро. Пред шпанскиот тренер во комбинација за тренерското столче беше помошникот на Талант Душебаев во Келце, Урош Зорман.

Словенецот вели дека уште од стартот сакал да остане во полскиот првак.

„Уште од самиот почеток, мојот став беше дека ќе останам во Келце. Всушност, Вардар ме бараше, но одлучив дека сакам да останам овде. Не знам колку долго ќе останам, ќе видиме“, изјави кратко Зорман.

Во спротивна насока, од Вардар во Келце се пресели средниот бек Игор Карачиќ.