За време на следното ЕП: Фан зона со површина од 12.000 квадратни метри (ФОТО)

Во Стокхолм беше презентиран просторот наменет за фанови на претстојното Европско првенство кој е рекордно голем по површина. Фан зоната зафаќа простор од 12.000 метри квадратни што е најголема фан зона до сега, а ќе биде отворена за континенталниот собир во 2020 година кој се игра во Шведска, Австрија и Норвешка.

Огромниот простор каде што ќе се собираат навивачите ќе биде опремен со најразлични содржини, ќе има 12 ресторани, терени за голф и симулатори за трки.

‚‚Сакаме да го направиме машкото Европско првенство возбудливо и незаборавно, па ќе организираме платформа за навивачите од светска класа. Важно за нас е да ги обединиме сите европски навивачи‘‘, рече Мајкл Онел, маркетинг директор на организацискиот комитет во Стоколм.

Европското првенство ќе се одржи во периодот од 9 до 26 јануари 2020 година, а нашата репрезентација своите противници и местото каде што ќе игра на ЕП ќе ги дознае на 28 јуни на ждрепката во Виена.