Загреб пропушти големи шест гола, па се израдува на минимален триумф

Екипата на Загреб исто како и во 2013 година и годинава си обезбеди пласман во финалето на СЕХА-лигата откако имаше добар натпревар во полуфиналето така што ќе има можност за уште една голема пресметка со Вардар.

Шампионот на Хрватска во второто полуфинале одигра поквалитетно од составот на Целје и успеа да го совлада со 29:28 така што немаше поголеми проблеми за да се потврди местото во финалето.

Загреб тргна посилно од својот противник. За седум минути игра Хрватите имаа 4:1 и тука уште се виде дека на овој дуел тие се подобро подготвени од својот ривал и немаат поголем проблем за да стигнат до триумф.

Целје играше добро на моменти. Успеваше да се избори за неколку погодоци за да се доближи на гол негатива, но не и да направи подобар резултат со кој ќе дојде до шанса за да може да се надева и на пресврт на овој дуел.

Работите одеа одлично за ракометарите на Загреб, а тие имаа целосна контрола. Секогаш кога Целје ќе се доближеше на гол до два тие враќаа со серија и зголемуваа на четири до пет гола, па беше лесно да се игра.

Исто како и првото полуфинале и ова првиот дел го финишираше со разлика од три гола. Загреб имаше 14:11, а потоа набрзина се избори за предност и од шест гола, 20:14. Тоа беше резултат кој гарантираше финале, но не беше така лесно со оглед на тоа што имаше пад го играта во одбрана. Сепак, Загреб имаше доволно играчи за ротација, а тоа овозможуваше да се има и подобро темпо на игра.

Таквата игра носеше резултат во добар дел, но Целје не се откажуваше, па успеа да стигне до неколку погодоци во серија на стартот на последните десет минути и го направи финишот максимално интересен. Сепак, кога требаше да стигнат до гол разлика попуштија во ритамот и тоа допринесе Загреб да се врати во предност која гарантираше победа и ново финале.

Пред крајот Целје успеа да намали одново, па Загреб славеше со минимални 29:28 така што се избори за уште една пресметка со Вардар во СЕХА-лигата. Инаку, клучниот гол беше дело на Домагој Павловиќ, играчот кој е на радарот на Вардар за следната сезона.

ППД ЗАГРЕБ – ЦЕЛЈЕ     29:28 (14:11)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 500. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија. Делегати: Марјан и Драган Начевски од Македонија.

ППД ЗАГРЕБ: Кастелиц (5 одб., 1 сед.), Јовиќ, Мраковчиќ, Божиќ-Павлетиќ, Контрец 2/2, Вори 0/1, Марковиќ 0/1, Хорват 5/7, Шушња 4/4, Ј. Валчиќ 3/4, Медиќ, Т. Валчиќ 0/1, Миклавчиќ 1/1, Равниќ 3/5, Бичаниќ 4/8, Павловиќ 7/8.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.

ЦЕЛЈЕ: Лесјак (5 одб.), Пањтар (1 сед.), Вујовиќ 1/1, Јуречиќ 2/2, Малуш 3/5, Разгор 3/4, Сухолежник 1/1, Маргуч 0/1, Грошељ 1/2, Слишковиќ 1/3, Макуц 5/5, Аниќ 3/4, Душебаев, Мацковшек 6/9, Млакар 2/5.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.