Заврши паузата за Миркуловски: Вецлар означи почеток на подготовките (ФОТО)

Паузата за Филип Миркуловски е веќе завршена и тој се појави на почетокот на подготовките во својот клуб. Задолжителните лекарски прегледи се редовна процедура пред почетокот на секоја сезона.

300x250

Вецлар влегува во новата сезона со изменет тим. Неколку ракометари си заминаа, но има и исто толку нови, па ќе го задржи нивото на квалитет од лани.

Миркуловски останува еден од главните адути на клубот и во нападот и во одбраната и со своето искуство сигурно ќе биде од помош за овој тим во новата сезона.

Првиот натпревар е закажан за 18 август и тоа во Купот на Германија. Противник на Вецлар е екипата на Гросвалштат, а ден подоцна ќе следи и уште еден дуел. Во него Вецлар ќе игра против победникот од пресметката меѓу Ауе и Родгау.