Женска лига: Првите пет на табелата фаворити за бодови

Откако во средата и во четвртокот го одиграа 6. коло дамите денеска имаат четири дуели од 7. коло, додека еден меч се игра утре.

Распоредот е таков што на секој од натпреварите има фаворит и не се очекува да има поголема неизвесност, но изненадувања не се исклучеи и можно е да има резултати кои не се очекуваат.

Според игрите кои досега ги прикажуваа Металург, Вардар, Куманово, Стружанка и Пелистер се фаворити на средбите за освојување на нови бодови, но тоа ќе треба денеска и утре да го потврдат и на теренот.

ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО

САБОТА, 13.10.2018

11:00ч

СПАРТАК  – МЕТАЛУРГ

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

13:00ч

ЦЕМС 2018 – ВАРДАР

Сала: „Христо Ботанџиев“ од Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

13:30ч

КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарова од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

19:30ч

ГЕВГЕЛИЈА – СТРУЖАНКА

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.

НЕДЕЛА, 14.10.2018

18:30ч

ПЕЛИСТЕР 2012 – ДЕСПИНА

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ТАБЕЛА: 1. Металург 18 бода (187:114); 2. Куманово 13 (175:132); 3. Вардар 13 (179:139); 4. Стружанка 10 (126:133); 5. Пелистер 9 (181:155); 6. Спартак 7 (147:158); 7. Деспина 6 (145:155); 8. Гевгелија 6 (141:162); 9. Цемс 6 (152:184); 10. Овче Поле 0 (110:211).