Женска лига: Вардар ќе се обиде да ја „преживее“ Струга

Денеска и утре финишира првиот дел од сезоната во Женската лига. Колото кое остана за подоцна поради активностите на репрезентациите во квалификациите за бараж за СП 2019 почна во вторникот кога Металург и Цемс го одиграат својот меч.

Затоа денеска има натпревари во Куманово и Прилеп, а потоа утре и во Струга и Свети Николе. Со нив ќе биде затворен овој дел од сезоната, а останатите четири кола ќе бидат доиграни напролет кога ќе се види кој тим со колку бода ќе влезе во главниот дел од сезоната.

Викендов дербито се игра во Струга. Таму Стружанка и Вардар се очекува да одиграат интересен натпревар. Домашните се ослабени, па останува да се види дали вардарки ќе успеат и од ова гостување да се вратат со три бода. Во Струга сезонава паднаа Металург, Куманово и Пелистер, па оттаму е јасно дека Вардар ќе има тешко гостување.

ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО

МЕТАЛУРГ – ЦЕМС        45:16

САБОТА, 08.12.2018

14:00ч

КУМАНОВО – СПАРТАК

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Митко Ѓоргиевски од Скопје.

19:30ч

ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.

НЕДЕЛА, 09.12.2018

11:30ч

СТРУЖАНКА – ВАРДАР

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

17:30ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 36 бода (421:278); 2. Куманово 31 (401:281); 3. Вардар 28 (383:289); 4. Стружанка 25 (298:296); 5. Пелистер 24 (388:315); 6. Спартак 20 (337:350); 7. Гевгелија 12 (302:347); 8. Деспина 10 (296:348); 9. Цемс 9 (337:451); 10. Овче Поле 0 (243:451).