Е. Работник на турнир во Зеница

Екипата која минатата сезона ја финишираше на 3. позиција, Е. Работник ќе биде одново меѓу кандидатите за висок пласман, а поради турнирот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола тие оваа недела ќе ја минат на турнир во Зеница.

Битолчани утре заминуваат за БиХ, а по пат ќе имаат една контрола против екипата на Партизан во Белград. Мечот против „црно-белите“ е планиран за в четврток, додека потоа в сабота и недела им следуваат средби на меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ“ во Зеница.

На овој турнир ќе ги одмерат силите со екипите на Вогошча Хипс, Искра од Бугојно и Челик од Зеница. Ова ќе биде одлична можност за стратегот Ѓорѓе Чирковиќ за проверка на формата на неговите ракометари, а дефинитивно сега се очекуваат подобри резултати отколку на турнирот во Струга бидејќи имаше простор за повеќе од една недела работа.