Е. Работник на пат кон БиХ го надигра Партизан во Белград

Ракометарите на Е. Работник на патот кон БиХ каде ќе играат на Меморијален турнир во Зеница ги одмерија силите со екипата на Партизан од Белград. Суперлигашот од Македонија покажа дека има напредок во формата после турнирот во Струга и дојде до победа од 33:24.

Е. Работник беше во постојана предност, а на овој меч немаше дури тројца ракометари. Поради повреда тренерот Ѓорѓе Чирковиќ не можеше да смета на Трајкоски, Кукоски и Пецаковски.

Победата дојде после одлична игра на сите ракометари, а најеикасен на средата беше Ѓукиќ со девет гола. Покрај десното крило во нападот се истакнаа и левото крило Ојлески и пивотот Граџан. И двајцат постигнаа по четири гола.

На турнирот во Зеница ќе учестуваат и тимовите на Челик, Вогошча и Бугојно. В сабота ќе биде одиграно полуфинале, а победниците од двете средби ќе се соочат во борбата за пехарот.