ЕХФ потврди: Македонија ќе гледа Лига на шампиони на македонски (ФОТО)

Натпреварите од новата сезона и официјално се враќаат на програмата на Македонската телевизија. Она што 24 Ракомет го најави минатиот месец доби и официјална потврда откако од ЕХФ беа објавени имињата на телевизиските канали на кои ќе може да се следат натпревари од Лигата на шампионите.

Јасно е дека МТВ ќе ги пренесува средбите на Вардар и на Еурофарм Работник од Лигата на шампионите, па за разлика од минатата сезона годинава одново ќе може да се следат натпреварите од најсилниот европски куп.

Ќе има натпревари и на Арена ТВ, но таму ќе можат да се гледаат другите средби така што Лига на шампиони годинава ќе се гледа на македонски.