ЕХФ пак со чудна одлука: Сондор и Лицис вторпат сезонава ќе судат меч Барселона-Вардар

За второто полуфинале на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите кое на 1 и 2 јуни се одржува во Келн се делегитрани судиите од Летонија, Зигмар Сондор и Ренар Лицис. Тоа се добро познати судии бидејќи истите го судеа двобојот меѓу Барелона и Вардар кој се одигра во Блауграна.

На таа средба Барселона славеше со 34:26, а она што е чудно е дека ЕХФ им даде можност вторпат сезонава да судат меч меѓу истите ривали. Инаку, тоа е второто полуфинале, а веќе е познато дека првото го судат арбитрите од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

ЛИГА НА ШАМШИОНИ – ФАЈНЛ-ФОР

САБОТА, 1 ЈУНИ (ПОЛУФИНАЛЕ)

15:15ч

ВЕСПРЕМ – КЕЛЦЕ

Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Македонија. Делегати: Марко Треспиди од Италија и Виктор Конопласти од Украина.

18:00ч

БАРСЕЛОНА – ВАРДАР

Судии: Зигмар Сондор и Ренар Лицис од Летонија. Делегати: Ојвинд Тогстад од Норвешка и Роберд Дујардин од Франција.

НЕДЕЛА, 2 ЈУНИ

15:15ч

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

Судии: Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека од Португалија.

18:00ч

ФИНАЛЕ

Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг од Германија.