ЕХФ и честита на Македонија за пласманот на ЕП (ФОТО)

Македонската машка репрезентација ја совлада Турција со 25:26 во претпоследното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Со оваа победа, Македонија го потврди своето место на континенталниот собир, петти пат по ред, а вкупно шести во историјата.

Последниот дуел против Грција што ќе биде одигран во Струмица, ќе биде само борба за потврда на првото место во групата и место во втор шешир пред ждрепката.

Европската ракометна федерација и честита на нашата селекција на социјалните мрежи и напиша

“Македонија може да почне да сонува”