ЕХФ ги избра најдобрите за јули и август

Најдобрите ракометари за летото односно за јули и август доаѓаат од младите селекции кои беа активни во овој период со играњето на шампионатите. Годинава добитници на наградите се Унгарката Бланка Кајдон која со својата репрезентација успеа да го освои шампионатот во Шведска за ракометарки до 16 години и Швеѓанецот Лудвиг Халбек кој е воедно втора година по ред најдобар играч за месеците јули и август.

Бланка Кајдон беше избрана за МВП на шампионатот за ракометарки до 16 години, а во финалето селекцијата на Унгарија славеше против Франција со 31:30 после продолженија.

Идната ѕвезда на шведскиот ракомет, Лудвиг Халбег на Европското првенство за играчи до 18 години беше најдобар стрелец со 56 гола. Во финалето, Шведска играше против Исланд, а Халбег беше ракометарот кој пресуди за освојувањето на титулата.