Еурофарм рутински го одработи дуелот со Пролет

Ракометарите на Еурофарм Работник се вратија на победничките патеки во плеј-офот од Суперлигата. По поразот од Вардар на домашен терен, избраниците на Стевче Алушовски го победија составот на Пролет со убедливи 31-19.

Победникот беше решен по првиот дел, кога „фармацевтите“ направија залиха од четири гола, 13-9. На стартот на вториот дел домаќините додадоа уште два гола, 15-9, потоа уште четири за 19-10 и до крајот се беше формалност.

Составите на теренот се измешаа, но на резултатски план ништо не се промении. Гостите се откажаа од бркање резултат, па Еурофарм Работник лесно го заврши натпреварот со победа од 12 голови, 31-19.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со осум голови и Милан Ѓукиќ со шест погодоци, додека кај Пролет се истакнаа Мартин Манасков со шест, додека Иван Џонов и Филип Василевски стрелаа по четири пати.