Еурофарм Работник со Остроушко во Лигата на шампионите (ФОТО)

Ракометарот кој во минатата сезона ги бранеше боите на екипата на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко се најде во составот на Еурофарм Работник за настапите во Лигата на шампионите. Тој е пријавен од страна на битолчани така што се очекува в недела да биде тајното оружје на Алушовски во битката за триумф против составот на Спортинг од Португалија.

На списокот на Еурофарм Работник се најдоа неколку интернационалци. Тука се Невен Стјепановиќ, Марин Вегар, Елмир Граџан (БиХ), Владислав Остроушко, Александар Шевелев (Украина), Милан Ѓукиќ (Србија), Ловро Јотиќ (Хрватска) и Мирко Радовиќ (Црна Гора).

Списокот на домашни ракометари од кои Алушовски ќе може да бира е подолг, а тука се и неколку ракометари кои од вчера се на позајмица во Пелистер. Се работи за: Никола Митревски, Градимир Чаневски, Благојче Трајкоски, Филип Чурлевски, Милорад Кукоски, Горан Кузманоски, Бојан Маџовски, Никола Маркоски, Михаил Петровски, Гоце Ојлески, Мартин Велковски, Дарио Петровски, Филип Ивановски, Андрија Мандиќ, Димитриј Блажевски и Стефан Талевски.

Првиот натпревар Еурофарм Работник го игра в недела во салата „Боро Чурлевски“, а почетокот е предвиден за 17 часот.