Еурофарм Работник победнички и во Струга

Лидерот во Супер машката лига, Еурофарм Работник се враќа од гостувањето во Струга со три бода после новата победа. Битолчани славеа кај стружани со 29:19 со што само го зацврстија првото место и се наоѓаат на чекор од потврда на местото во плеј-офот.

Стружани тргнаа одлично во мечот. Тие го постигнаа првиот гол, но гостите веднаш вратија и поведоа со 2:1. Потоа овој гол позитива го одржуваа извесно време по што почна зголемувањето на предноста. Еурофарм Работник имаше расположени ракометари кои успеаја до крајот на првото полувреме да дојдат до предност од 15:9.

Вторите 30 минути веќе беа само за одржување на предноста. Битолчани главно преку Кузмановски и Ѓукиќ го загрозуваа голот на стружани, па тие знаеја како да донесат предност која на крајот беше двоцифрена.

Со оваа победа Еурофарм остана цврсто на првото место, додека Струга засега е во делот на табелата на екипи кои ќе играат во плеј-офот.

СТРУГА – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК           19:29 (9:15)

Сала: „Тими“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

СТРУГА: Кизиќ, Стојаноски, Кузмановски 1, Петровски 5, Нацев 1, Тренчевски 2, Цитешвили, Јанкуловски 3, Дукоски, Новаковиќ 1, Костески 3, Барлакоски, Бајрамоски, Мемед, Дикаминџија 3, Хаџидимовски.

Седмерци: 1/2, Исклучувања:

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Чаневски, Ивановски, Трајкоски, Ојлески 5, Пеџаковски, Талевски 1, Чурлевски 1, Кузмановски 10, Кукоски, Крстевски, Граџан 3, Ѓукиќ 9, Петровски.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 6 мин.