Еурофарм Работник можеше против Металург, може ли и против Вардар?

Тимот на Еурофарм Работник се чини дека сезонава е блиску да го симне Металург од втората позиција во Суперлигата. „Фармацевтите“ беа убедливи против вицепрвакот, и тоа на гостински терен, но дали ќе можат и против првакот на домашен терен, ќе добиеме одговор вечерва околу 20:00 часот.

Битолчани сезонава имаат одличен состав на македонски поранешни и актуелни репрезентативци плус квалитетни странци, па не е чудо што го совладаа Металург во Скопје. Како и Вардар, така и Еурофарм Работник имаа многу ракометари што беа дел од ЕХФ неделата, па и двете екипи се во ист минус, или плус, сеедно.

Кај Еурофарм Работник ќе отсуствуваат Горан Крстевски и Фарук Мемиќ, додека Роберто Парондо најверојатно нема да смета на Гедбан, Горбок и Дисингер. Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Вардар се игра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:30 часот.