Елена Муратовска во 24Анализа за натпреварот ЖРК Вардар – Ѓер

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Елена (Златановска) Муратовска во 24Анализа даде свое видување за натпреварот помеѓу македонскиот шампион, ЖРК Вардар и унгарскиот шампион, Ѓер. Натпреварот е во рамките од четврт -финалните дуели од Лигата на шампионките.

Тимовите на Вардар и Ѓер својот дуел ќе го имаат веќе денес од 19.00 во спортскиот центар „Јане Сандански“, откако успеаа да се избегнат минатата сезона во групните фази на натпреварувањето во ЛШ. Тогаш во Ф4 натпреварувањето новопечениот тим на Вардар преку победата над данскиот Митјеланд и драматичниот пораз од тимот на Будуќност стана еден од водечките сили во женскиот ракомет. Ѓер од друга страна пак со своето реноме и воден од одличниот стратег Амброс Мартин успеаа да ја освојат втората титула по ред во Лигата на шампиони. Сите овие податоци укажуваат на тежината на натпреварот кој што ни следи. Ѓер е одлична екипа која има брилијантни играчи на располагање и константни достигнувања на задоволувачки резултати од година во година. Во групните натпреварувања од главната фаза оваа сезона преку убедливите победи над своите противници пред се над францускиот Мец во последниот натпревар на гости ( 20 – 27 ) каде ја добија најефикасната на тој натпревар Анико Ковачич и само еден минимален пораз од екипата на норвешки Ларвик ( 21 – 19 ) успеаа да влезат во четвртфиналето како втори во Групата 2. Екипата на Вардар пак предводени од одличната Андреа Пенезиќ со 7 гола, и германката Ања Алтхаус со 5 на натпреварот против рускиот Динамо – Синара успеаа да издвојуваат значајна победа во главната групна фаза и како трети во Групата 1 да влезат како една од четврфиналните двојки во оваа сезона.

Ѓер од крајот на месец ноември продолжи во елитното натпреварување видно ослабен на левата бековска позиција со неиграњето на нивниот најдобар играч бразилката Едуарда Аморим ( инаку некогашна ракометарка на РК Кометал Ѓорче Петров ) која на турнирот во Малага со својата репрезентација на натпреварот против Тунис во седмата минута при доскок ги искина предните вкрстени лигаменти од коленото. Исто така и со неиграњето на значајниот централен бек Анита Горбич и голманот Катрин Лунде, и двете во блажена состојба, доведува да заклучиме дека Ѓер не е повеќе најголем фаворит за освојување на првото место во ЛШ. Секако тоа нема да ги спречи да атакуваат на победа на денешниот натпревар растеретени од фактот што следниот натпревар против Вардар го играат на домашен терен.

Овој натпревар претставува и еден вид на емотивен судир за вардаровите пулени Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ кои во 2013 година како ракометарки на Ѓер успеаа да се закитат со злато и беа едни од најзаслужните за големиот клубски успех тогаш. Тие веруваат дека тој тренд ќе ги следи и ќе го пренесат во својот сегашен клуб Вардар. Интересен ќе биде дуелот помеѓу левиот бек Андреа Пенезиќ и десниот бек на Ѓер Сузан Милер. Двете ракометарки одлично се познаваат бидејќи тие две години настапуваа во словенечкиот Крим Меркатор со кој станаа шампиони на Словенија и успеаа да стигнат до полуфиналето во ЛШ.

Вардарки мора да блеснат на денешниот натпревар против екипата на Ѓер, и со ладни глави да влезат во натреварот. Со мудра игра, добро осмислена тактика од страна на искусната тренерска двојка Индира Кастратовиќ и Јан Питлик , како и преку големата поддршка од страна на нивниот 8-ми играч – публиката да создадат задоволителен резултат за натпреварот.