Екс-репрезентативка на Македонија потпиша за Винтертур

Ракометарка која е поранешна репрезентативка на Македонија која во минатото беше дел и од тимовите на ѓорчепетровки и на Металург, Симона Гроздановска ја продолжува својата кариера во првенството на Швајцарија, а го менува само клубот за настап во новата сезона.

После игрите во Амичитија од Цирих таа во следните две години ќе игра во дресот на Винтертур. Ова значи дека продолжува со настап во истото првенство така што ќе остане во Швајцарија.

Таа веќе неколку години е надвор од Македонија, а настапуваше во првенствата и на Грција и на Турција. Се работи за искусна ракометарка која игра на десно крило.