Екс-ракометар на Вардар потпиша за францускиот Гренобл (ФОТО/ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марко Мишевски својата кариера ја продолжува во Франција. Играчот на Вардар во потрага по минутажа одлучи да се пресели во редовите на Гренобл, а овој клуб ги потврди најавите на 24Ракомет со објавувањето на трансферот.

Од Гренобл веќе го објавија потпишувањето на Мишевски и во него гледаат играч кој ќе им донесе плус во нападот во бековската линија.

„Задоволни сме што донесовме ракометар кој минатата година ја освои Лигата на шампионите. Се работи за ракометар со голем потенцијал, кој е во состојба да игра во два правци. Мишевски сака да покаже што знае и во нашето првенство, па затоа мојата улога ќе биде да го доведеме до остварување на неговите цели. Од она што го видов се работи за голем професионалец и сигурен сум дека ќе биде големо засилување за нас“, вели тренерот на Гренобл.

Овој тим се натпреварува во 2. лига на Франција, а Мишевски е дел од неколкуте засилувања во новата сезона од кои се очекува да изборат добар пласман.